СДСМ: „Опаленик“ е уште една виртуелна инвестиција

Од:

„Уште една потврда за виртуелните инвестиции на Никола Груевски е ветената индустриската зона Опаленик, близу Крушево, којашто со години е само празна ливада.

Ветената индустриска зона Опаленик, уште пред 7 години, требаше да биде изградена во близина на патот Крушево-Прилеп, кај селото Алданци.

Наместо индустриска зона, со години стои празна ливада како симбол на лажните, виртуелни инвестиции на Никола Груевски.

Наместо отворање на фабрики, нови вработувања, производство и реализација на проекти, виртуелните инвестиции на Никола Груевски се само запуштени ливади со нула нови работни места.

Opalenik 2

Тоа е вистинското лажно лице на Груевски што граѓаните многу добро го знаат.

Најавата за наводна руска инвестиција во фабрика за производство на доматно пире во Крушево остана уште едно виртуелно ветување на Груевски.

Во 21 век се уште граѓаните на Крушево се соочуваат и со проблеми во водоснабдувањето.

Младите масовно се иселуваат од Крушево. Според последните податоци од Државниот завод за статистика од Крушево, до 2014 година, се отселиле околу 3.500 жители, најголем број млади.

Податоците од релевантните истражувања покажуваат дека и во Крушево, како и во други градови во Македонија, има висока смртност на новороденчињата, над 18 мртви бебиња на 1.000 живородени.

Додека граѓаните осиромашуваа, додека се зголемуваше невработеноста, Никола Груевски во изминатите десет години мислеше само на провизиите, тендерите, парцелите на Водно, на мерцедесот од 600 илјади евра, на очилата од 60 илјади долари…

Корупцијата во врвот на власта во изминатите години изеде безброј работни места, запушти многу населени места“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби