СДСМ: Она што Владата на СДСМ го има направено за само 1,5 година е повеќе од она што ВМРО-ДПМНЕ го направи за 11 години

Од:

Она што Владата на СДСМ го има направено за само 1,5 година е повеќе од она што ВМРО-ДПМНЕ го направи за 11 години, реагира СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

11 години на ВМРО-ДПМНЕ им беа побитни провизиите и личното богатење и зад себе оставија пустош и патишта со бројни пропусти кои дополнително ги зголемија трошоците за нивна изградба.Автопатот Кичево – Охрид, како и автопатот Миладиновци – Штип за кој денес лицемерно зборуваат се симбол на неспособноста, корупцијата и криминалите на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.

За 3 години ВМРО-ДПМНЕ од автопатот Миладиновци – Штип не направи ниту половина, помалку од 50 отсто, а дополнително остави бројни пропусти и проблеми, меѓу кои:

– 24 далноводи поставени на самиот автопат (фотографија во прилог).
– Незавршени процеси на експорпријација на приватен имот.
– Непредвидени никакви сервисни патишта за граѓаните кои живеат долж патот.
– Без соодветни приклучоци
– Без заштитна ограда
– Замислени патарини без да има дозвола за градба, без експропријација, објасни СДСМ.

Тоа е само дел од хаосот што го остави ВМРО-ДПМНЕ кој беше експрено надминат. За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, за само една година од мандатот на СДСМ, автопатот Миладиновци-Штип целосно е завршен. Решен е процесот на експорпријација, поставени се заштитни мрежи, а во моментов се градат сервисни патишта и се прави поврзување на натпатниците, велат од СДСМ.
 
Одговорниот однос на Владата предводена од СДСМ во делот на инфраструктурата се гледа и во тоа што истата фирма која го гради автопатот Миладиновци – Штип за експресниот пат Крупиште – Кочанио дала трипати пониска цена за градежни материјали и изградба.
Во моментов, се реализираат 80 проекти на изградба и реконтрукција на патишта во вкупна должина од 500 километри, а за првпат по 30 години истовремено се градат четири моста. Криминалната ВМРО-ДПМНЕ може само да учи како се работи и како се гради по план, заклучува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он