СДСМ Охрид: ВМРО-ДПМНЕ се обидува со притисоци и закани да влијае врз граѓаните

Од:

„Масовниот одѕив на граѓаните на секојдневните протести за слободна Македонија, уште еднаш ја потврди решеноста на граѓаните за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во Македонија.

Уплашена од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се обидува со притисоци и закани да влијае врз нив.

Притисоците кои во текот на вчерашниот ден беа правени во сите локални и државни институции, установи и јавни претпријатија во Охрид, а беа насочени пред се кон вработените со договор на определно, продолжуваат и денес.

Повеќе училишта во Охрид денес работат со скратено работно време се со цел вработените да се подготвуваат за вечерашниот собир на т.н. ГДОМ.

Дел од вработените неможејќи да ги трпат притисоците, пријавиле во Државниот Просветен Инспекторат но од таму не добиле никаков одговор.

Свесна за целосно изгубената поддршка кај граѓаните, во страв од соочување со одговроноста за изборниот криминал ВМРО-ДПМНЕ во Охрид потворно ја злоупотребува локалната власт и државните институции за партиски цели.

Попладнево со организирани автобуси, вработени во државни институции принудени се да заминат во Скопје на контра-протести.

За овие злоупотреби мора да следуваат соодветни законски постапки. Секој што го прекршил законот мора да одговара.

Доаѓа слободна и деморкатска Македонија“, соопштуваат од СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата