СДСМ Охрид: Се запали сметот кој што наместо во депонијата кај Буково се носи во Мауцкер

Од:

СДСМ Охрид преку писмено соопштение предупредува за пожар и формирање на дива депонија кај локалитетот Мауцкер.

„Повикуваме веднаш да се најде решение за пожарот што се појави на локалитетот Мауцкер којшто наместо индустриска развојна зона, веќе неколку години е депонија.

Тоа што мандатот на градоначалникот и на советниците од денеска е истечен, не смее да ги доведе во ризик граѓаните и нивните имоти.

Од фотографиите во прилог може да се види дека гори сметот на локацијата којашто служи како отпад за градежен шут.

ВМРО-ДПМНЕ неодговорно го блокираше формирањето на новата Влада и го одложи изборот на нови локални власти. Но оваа партија на локално ниво со години штети на охриѓани и со конкретниот проблем, бидејки сметот од градот воопшто не се носи и не се складира во депонијата кај Буково, туку се расфрла и се закопува во Мауцкер, спротивно на законските прописи за управување со отпадот и заштита на животната средина.

Потребни се итно нова одговорна Влада и нови локални власти коишто нема да ги доверуваат во ризик граѓаните и нивното здравје“ се вели во соопштението на ОО СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема