СДСМ: Охрид се дави во непотизам, цела вмровска фамилија работи во администрација

Од:

Од Сојузот на иднината ги обвинија од ВМР ДПМНЕ за непотизам во своите редови во Охрид.ВМРО – ДПМНЕ е онаа партија која најмалку има право да зборува за непотизам, велат од таму.

Република Македонија во заложништво ја држи Никола Груевски заедно со неговиот братучед Сашо Мијалков.

Исто така, еден од многуте охридски примери на напотизам е државниот секретар на Министерството за одбрана Сашо Стефаноски кој е братучед на пратеникот Александар Николоски.

Атанаско Михаилов, претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, откако ја доби таа функција, неговата сопруга ја вработи во државниот просветен инспекторат. Исто така, братучедката од неговата сопруга ја вработија во Градската библиотека. Досечашната советничка Љубица Мојсоска нејзиниот сопруг го вработи во МВР. Советникот Величе Маркоски, неговиот син го вработи во здравството.

Насудениот кандидат за советник Јане Цаноски својата сопруга ја вработи во царина. Борче Матески, секретарот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ вработен во шумската полиција, неговата блиска пријателка ја вработи во Министерството за земјоделие. Од фамилијата Јовчески, Димитар Јовчески вработен во Пазарна инспекција, неговата сестра во Универзитетот Св. Апостол Павле, нејзиниот сопруг во Основниот суд – Охрид додека пак неговата мајка во Агенцијата за статистика.

Досегашната советничка Јованка Дамовска- Секуловска вработена во универзитетот Св. Апостол Павле, додека нејзиниот сопруг е вработен на царина. Од фамилијата Корабоски, Љупка е вработена во антикорупциска, додека Гоце во пазарна инспекција. Никола Шишкоски кој излезе од Аеродром со отпремнина, пред извесно време вработен во ДБК, се наведува во реакцијата од Сојузот за иднината.

Би можело да ве интересира

СДСМ нема да учествува на средбата за Изборниот законик што ја иницира Левица

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Кузеска: Народот ќе го победи Мицкоски, ќе победи европска Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ