СДСМ – Охрид: Нов скандал во Општина Охрид

Од:

Изби нов скандал во општина Охрид. Речиси две години, вработена во општина Охрид, работи како правник во Секторот за Урбанизам иако нема завршен Правен факултет. Ангажирана со договор во локалната самоуправа, како партиски кадар од ВМРО-ДПМНЕ, вработената извршувала правни работи, иако не била дипломиран правник, што е спротивно на законите, обвинуваат од општинскиот огранок на СДСМ во Охрид.

Замислете, две години никој не се сетил да и‘ побара диплома за завршен Правен факултет и да провери дали е квалификувана за доделеното работно место. За скандалот да биде уште поголем, споменатата вработена ги потпишувала урбанистичките решенија во Одделението за спроведување на урбанистички планови, со овластување издадено од градоначалникот Бакрачески. Значи, овластената “правничка“ без диплома, со својот потпис на многу урбанистички предмети за легализација на дивоградби, решавала за судбината и имотите на голем број граѓани на Охрид– велат од СДСМ.

Од партијата прашуваат колку се легални таквите издадени урбанистички решенија и дали граѓаните со позитивно решени предмети треба да стравуваат за сопствените имоти.

Дали граѓаните со негативно решени предмети треба да ги обжалат таквите решенија?! И, конечно, како е можно два пати да се објави оглас за нејзино вработување во општина, без таа да приложи диплома?! Незаконското работење е одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Со овој скандал уште еднаш на дело се покажа самоволието на ВМРО-ДПМНЕ при вработувањата на партиските кадри и крајно несериозниот однос кон граѓаните на Општина Охрид– стои во соопштението на СДСМ.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски