СДСМ Охрид: Никој нема право да манипулира и злоупотребува ученици за партиски цели

Од:

„Укажуваме дека директорот и надлежните во охридската гимназија „Свети Климент Охридски“ имаат должност да ги заштитат учениците од партиски злоупотреби. Недозволиво е ученици преку истакнати летоци да се повикуваат да напуштаат настава за да бидат дел од протести на кои се поттикнува и шири етничка и национална омраза. Во прилог е летокот кој е објавен и се дели мегу учениците од втората смена.

Никој нема право да ги манипулира и злоупотребува учениците за остварување партиски цели.

Учениците, но и нивните родители имаат право да се чувствуваат безбедни, без какви било притисоци за време на училишниот ден.

Злоупотребата на деца и ученици, за лични и партиски цели е кривично и дело и секој кој ќе стори ваков прекршок ќе мора да одговара.

Очајните обиди на ВМРО-ДПМНЕ да спречат мирен трансфер на власта за да го спасат од одговорност Никола Груевски, со користење деца, како и лаги и фалсификати како летоците во прилог нема да успеат. Мнозинството граѓани избраа промени и нова реформска Влада и тоа ќе се случи.

Училиштата ќе бидат места каде што децата ќе бидат воспитувани и образувани во духот на заедништвото, еднаквоста и демократските вредности. Ќе има живот за сите граѓани во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ