СДСМ Охрид: Локалната власт да престане да го уништува природно наследство

Од:

„Бараме локалната власт во Охрид предводена од неодговорни политичари, веднаш да престане да го уништува и загрозува природно наследство.

На вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, советниците од СДСМ предложија да се расправа за незаконската изградба на хотелот во Лагадин и да се стопира неговата нелегална изградба.

Укажуваме дека и институции се огласија против ваквата намера на советниците од ВМРО-ДПМНЕ на штета на Охрид.

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам достави барање до градоначалникот на Охрид за поништување на одобрението за градба на спорниот хотел. А потоа се огласи и Државниот инспекторат за животна средина, којшто тврди дека општината незаконски ја усвоила урбанистичката документација за Лагадин, без да го утврди еколошкото влијание.

На спорната локација во Лагадин веќе два месеци се работи интензивно, а несовесната локалната власт одбива да постапи по барањето на надлежните државни органи. Затоа вчера советничката група на СДСМ побара итно стопирање на незаконските градежни активности во Лагадин.

Недозволиво е тоа што владеачкото мнозинство не ја прифати иницијативата од советниците од СДСМ да се расправа за овој проблем.

Не поминуваат оправдувања за наводно почитување законски прописи, кога што сите укажувања се дека станува збор за најелитна и најатрактивната туристичка населба на охридското крајбрежје, којашто е дел од Националниот парк Галичица!

Поради фактот што се работи за градба во заштитен појас на помалку од 50 метри од брегот на природно езеро, задолжително мора да биде изготвена оценка за влијанието врз животната средина, што не е направено.

Исто така, во постапката за донесување на планската документација и за издавање на одобрението за градба, прекршени се и поголем број одредби од Законот за градење, Законот за заштита на езерата, Законот за води и други закони.

Граѓаните поради ваквите неодгоорни политики гласаа за промени и ќе има одговорност за сите што работеле противзаконски, спротивно на интересите на граѓаните и на природното наследство во Охрид“, се вели во соопштението на СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага