СДСМ Охрид: Клубот „Југ“ кој постои од 1932 година се соочува со згаснување

Од:

„Охрид, охриѓани и Македонија од вчера го загубија најстариот спортски клуб на вода во градот, веслачкиот клуб „Југ“ поради негрижата на локалната власт. И покрај нашите заложби и поведувањето иницијатива во Советот на Општина Охрид, локалната власт не беше заинтересирана да му помогне на клубот.

Освен што нема адекватни простории за клубот, нема ниту било каква финансиска помош од локалната власт што би им дала мала надеж дека можат да опстојат. Празната сметка го остави „Југ“ и без нивните чамци кои им беа запленети.

Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ наместо да троши пари на граѓаните за непродуктивни проекти, можеше и мораше да даде финансиска поддршка и да најде нови адекватни простории каде што би се сместил клубот.

Денеска, клубот кој постои од 1932 година се соочува згаснување, а и покрај бројните апели, градоначалникот Никола Бакрачески и неговите соработници, не издејствуваа никаква помош.

Ова е вистинскиот доказ за наводната грижа на Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните. Охрид и граѓаните на Охрид не заслужуваат ваква неодговорна власт. По промените на наредните локални избори, Охрид ќе добие одговорна локална власт која ќе го унапреди животот во градот на спортски, културен и економски план“, се вели во соопштението на СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага