Раководството на ЈП „Градски гробишта” – Охрид ја манипулира јавноста се со цел повторно да се прикријат низа неправилности во работењето на ова градско претпријатие, обвини Општинската организација (ОО) на СДСМ од Охрид.
Опозицијата од вели дека има проблеми во работењето на претпријатието, а бројките наведени во Годишниот извештај не се реалните.
„Во задолжителниот Годишен извештај на ова комунално претпријатие за работењето во 2013 година и првото тромесечие од 2014 година стои дека вкупно остварени приходи во 2013 година изнесуваат 21.995.042 денари, а расходите во истиот период се 18.617.865 денари. Ако од приходната страна ги одбиеме Приходите од субвенции (кои претпријатието ги добило од Општина Охрид), во износ од 3 614 978 денари, едноставно добиваме дека претпријатието од своето редовно работење остварило загуба (негативен финансиски резултат) од 237.801 денари“, вели ОО на СДСМ – Охрид.
Во реакцијата се напоменува дека приходите не се колку што јавното претпријатие навело.
„На приходната ставка „Приходи од изнајмување на ресторан“ се наведени 181.132 денари за 2013 година, а за првото тромесечие од 2014 година наведено е дека не се остварени приходи по основ изнајмување на ресторан. Сето ова е далеку од наведеното во нивните изјави дека се „инкасирани“ 1.786.992 денари. Овој извештај покажува дека нема ниту позитивно работење на новото раководство на ЈП „Градски гробишта”, ниту концепт да води едно комунално претпријатие во интерес на граѓаните на Охрид“, се вели во дописот од ОО на СДСМ – Охрид.