СДСМ Охрид: Граѓаните се уморни од празни ветувања, сакаат живот за сите

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека ветувањата се плодна почва за нивната популистичка политика. Само да се потсетиме на ветените, а нереализирани проекти, на прегазените рокови.

Ветувате сериозен пристап кон развојот на туризмот со изработка на Стратегија за развој на туризмот. Зарем незнаете дека локалната власт на ДПМНЕ веќе 4 години не може да изработи таква стратегија, а граѓаните залудно чекаат брендирање на градот како туристичка дестинација.

Ветувате изградба на Кејот. Зарем не знаете господине Тилев дека и ова беше едно од лажните предизборни ветувања на вашиот претходник? Општина Охрид во рамки на буџетот за 2016 година планираше да издвои средства за изградба на нов модерно уреден кеј. И ова ветување не го исполнија. Каде е ветеното модерно градско пристаниште, марината која им ја ветивте на охриѓани во периодот од 2013 до 2015 година. Каде е аквапаркот кој требаше да биде готов до крајот на оваа 2017 година? Да ве потсетиме на ветувањето дека до 2017 година охриѓани ќе имаат затворен пливачки базен.

Современата автобуска станица и затворениот зелен пазар помпезно ги најавувавте како проекти кои ќе бидат завршени во 2016 година. Ветувавте откупно-дистрибутивен центар во Лакочереј, регионален трговски центар “Охрид Сити Мол”, катни гаражи, регионална депонија за цврст отпад, стационар за бездомни животни. Сакате уште да ги набројуваме вашите неостварени ветувања? Зарем ги заборавивте овие ветувања кои ги дадовте пред граѓаните на Охрид. Зарем ја потценувате интелегенцијата на охриѓани? Зарем мислите дека забораваат?

Граѓаните се уморни од празни ветувања, овој пат сакаат навистина живот за сите во Охрид.

Господине Тилев, овој народ на 11 декември сруши режим со пенкало, а на овој 15-ти октомври ќе ја срушат оваа локална власт и ќе донесат живот за сите во Охрид“, се вели во соопштението на СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“