СДСМ Охрид: Бакрачески повторно ја погреши адресата

Од:

„Кандидатот за градоначалник од ОК ВМРО-ДПМНЕ од Охрид и дел од советничката листа на истата партија повторно ја погрешија адресата и место да отидат да побараат дозвола и образлжение од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и да го прашаат зошто сите проекти на акатулениот Градоначалник се блокирани, тие избраа да собираат евтини политички поени со лажни ветувања на граѓаните на градскиот пазар.

– Во меѓувреме, им предлагаме за случајно повторно да не ја погрешат адресата почитуваните господа од ДПМНЕ дека утре треба да одржат пресконференција пред Mинистерството за финансии каде треба да прашаат дали четирите лава од проектот Скопје 2014, чинат колку изградба на една модерна автобуска станица,модерен градски пазар и целокупниот колекторски систем вo градот?.

– Од друга страна, доколку истите вистински сакаа да направат пазар и автобуска станица тогаш повеќе од сигурно е дека ќе одгвореа на барањата на Градоначалникот Петрески кој уште пред две години за време на гостувањето во една од локалните телевизии вети дека доколку му дозволат да го направи грдскиот пазар и автобуската станица, нема да поднесе кандидатура за трет мандат. Тоа лесно се докжува со архивски снимки“, велат во соопштение СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?