СДСМ оди во кампања под слоганот „Идинината сега! Време е!“

Од:

„Идинината сега! Време е!“ е слоганот на СДСМ за претстојните локални избори, информира денеска на прес-конференција Игор Ивановски, шеф на партиски изборен штаб.

– Ќе организираме бројни митинзи, каравани, трибини, средби и разговори, на кои нашите кандидати ќе ги претставуваат своите програми очи во очи со граѓаните и ќе понудат решенија за нивните проблеми. Но, на овие избори, гласот на секој граѓанин има двојна вредност. Граѓаните ќе гласаат еднаш, но ќе одлучуваат за промената на локалната и централната власт, рече Ивановски.

Тој потсети дека СДСМ своите кандидати за градоначалници почна да ги промовира од јуни минатата година и, како што посочи, тие оттогаш ги формираа своите тимови, програми и се во постојан контакт со граѓаните.

– За време на „работното лето“, посетивме стотици населени места, имавме илјадници средби, дискусии со граѓаните. Теренските активности продолжија есента, со проектот „врата до врата“, каде изворно се запознавме со потребите на граѓаните на микро ниво. Сугестиите и предлозите на граѓаните се основата на која се подготвени програмите на нашите кандидати за градоначалници, додаде Ивановски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната