СДСМ: Одговорноста е кај Груевски за неплатен долг во ОН

Од:

Во штурото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту збор за скандалот со кој и светот дозна на кое дереџе власта на Никола Груевски ја доведе Република Македонија. Да и биде одземено правото на глас во Обединетите нации поради неплатен долг, помал од патните трошоци на Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што се редат скандалите поврзани со катастрофалното владеење на власта, така, се повеќе и повеќе опаѓа нивото на политичка култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Евидентно е дека ВМРО-ДПМНЕ сака да избега од скандалот кој нанесе штета на меѓународниот углед и државните интереси на Македонија. Но, не може. Одговорноста е кај Никола Груевски.

Што се однесува до фактите, тие говорат дека токму благодарение на дипломатските актвности на Владата на СДСМ, и државничките чекори во деведесетите години, Република Македонија беше меѓународно призната и етаблирана како независна и суверена држава, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски