СДСМ: Одговорност за срамното однесување на Мицкоски, крши протоколи додека неговата ВМРО-ДПМНЕ бара онлајн настава

Од:

„Христијан Микоцкоски крши протоколи и си поигрува со здравјето на граѓаните во време кога е зголемен бројот на активни случаи со Ковид-19, кога медицинскиот персонал не може да здивне поради состојбата со вирусот“, соопштува СДСМ.

„Неговата ВМРО-ДПМНЕ глуми лажна загриженост и наутро бара онлајн настава, а тој напладне крши протоколи и го загрозува здравјето на граѓаните гоштевајќи се, збиено седнат во тесна просторија.

Тоа е лицемерието, неодговорноста и самобендисаноста на Христијан Мицкоски.

За кршење на протоколите за заштита на здравјето на луѓето треба да има одговорност и надлежните институции да реагираат по однос на ова скандалозно однесување на Мицкоски.

Мицкоски од самиот почеток на пандемијата се однесува неодговорно и срамно. Го поткопуваше процесот на вакцинација и се криеше по кафеани кога беше фатен дека ги крши протоколите.

Јасно е зошто Мицкоски не го осуди однесувањето на охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, кој наместо во самоизолација, неодоговорно се појави на верски празник меѓу граѓаните.

Тоа е истата матрица и едно исто непочитување на законите, ниту на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби