СДСМ: Одбрана веднаш да го поништи спорниот тендер од 250 милиони евра

Од:

СДСМ бара Министерството за одбрана веднаш да го поништи, како што велат, сомнителниот тендер за набавка на опрема, тежок 250 милиони евра.

Еве што стои во соопштението на опозициската партија:

Ваква набавка мора да биде спроведена многу посериозно, особено имајќи ја предвид лошата положба на војниците и нивните основни потреби.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски десет години ја разнебитува одбраната и целосно го сруши достоинството на војниците.

Нашиот професионален војник и офицер има потреба од најосновна опрема и услови за тековно функционирање, кондури, ќебиња, чизми, униформа, основен алат за работа.

Окоплните возила се дамнешна потреба на АРМ но тендерот за набавка на истите во вредност од 250 милиони евра има многу спорни моменти.

Единствен критериум при набавката на транспортерите е само цената. Нема ништо во однос на квалитетот и техничките карактеристики на возилата, одржување, сервисирање и резервните делови за опремата.

Ја нема можноста за ангажирање на домашни капацитети во понатамошно одржувањето на возилата.

Најспорна е предвидената исплатата на возилата да се одвива во периодот од 2018 до 2026 година. Значи ВМРО-ДПМНЕ нема средства за исплата во моментов и оваа обврска ја остава на идните влади.

Тендерот треба да се поништи и треба да се изработи техничката спецификација којашто ќе гарантира намалување на вредноста на набавката, зголемување на гаранциите за безбедност на војниците, но и ангажирање на дел од домашнната индустрија во изработката и одржувањето на возилата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО