СДСМ: Одбрана на криминалот е најважно нешто за ВМРО-ДПМНЕ, не знаат што е право и правда

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ беше и остана во одбрана на криминалот, против правдата и против напредокот на државата.

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека одбрана на криминалот, одбрана на сторители на сериозни кривични дела од редовите на нивната партија им е најважно.

Функционирање на правото и правната држава, разоткривање и решавање на случаи со високо ниво на корупција , не им одговара на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа се против СЈО како посебно обвинителство затоа се против новиот Закон за јавно обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ не сака независно и професионално обвинителство, затоа е и против реформите. Па , наместо конкренти амандмани и предлози за законскиот текст за Јавното обвинителство, тие поднесуваат некакви лажни принципи.

СЈО мора да продолжи како посебно обвинителство, а новиот закон за јавно обвинителство е најсоодветното решение кое е во интерес на државата и граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната