СДСМ: Од „да ги сотреме“ до „одете си со арно додека можете“ тоа е вистинското лице на насилничката матрица на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Политичкиот прогон, партизацијата на институциите, пресметките со политичките неистомисленици беа одлика на црните 11 години во кои владееше криминалното ВМРО-ДПМНЕ предводено од криминалецот Никола Груевски.

Очигледно е дека таквата насилничка, деструктивна матрица се уште е присутна и во актуелното антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата матрица на ВМРО-ДПМНЕ кое во минатото преку тогашната министерка за внатрешни работи за неистомислениците велеше „да направиме список и да ги сотреме“ а актуелниот генерален секретар Игор Јанушев им порачува „одете си со арно додека можете“.

Истата матрица на закани, насилства, деструкција.

Залудни се лажните информации и конструираните случаи на антинародното ракводство на ВМРО-ДПМНЕ. Според официјалните информации на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство целата дисциплинска постапка е водена транспарентно и во согласност со законските процедури. По утврдување дека споменатиот државен советник го прекршил членот 73 став 1 точка 22 и се однесувал спротивно на одредбите на Кодескот а административни службеници, била донесена Одлука за престанок на работниот однос. Тоа нема врска со политички ставови.

Заврши времето на притисоци врз институциите и вработените во администрацијата, заврши и времето на селективност и протекционизам. Денес институциите работат независно и професионално, законите важат за сте подеднакво и секој кој ги прекршил одговара за своите постапки“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата