СДСМ: Очигледен е напредокот на државата во секој сегмент

Од:

„По две години од формирањето на Владата предводена од СДСМ очигледен е напредокот на државата во секој сегмент.

Од заробена држава, денес Северна Македонија е светол пример за регионот, демократска, развиена држава во која човековите права и слободи се почитуваат и унапредуваат, институциите се во служба на граѓаните, економијата расте и се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Од држава во изолација, денес добивме свое столче во НАТО и сме пред добивање датум за почеток на преговри за членство во ЕУ.

По најпозитивниот Извештај од Европската комисија и безусловната препорака, очекувано е многу наскоро нашата држава да ги започне преговорите со ЕУ.

Досега, 13 земји членки го ратификуваа Протколот за пристапување во НАТО. По ратификацијата во сите земји членки, Република Северна Македонија станува 30 земја членка на НАТО Алијансата.

Овие успеси резултираа и со зголемена доверба во економијата. Во последните две години растат платите во сите сектори, порасна минималната плата, а растат и пензиите. Забележан е значителен раст на индустриското производство и извозот, а 2018 е година на рекордни странски инвестиции кои изнесуваа 624,5 милиони евра.

Во првите две години од мандатот покажавме како е да се работи одговорно, домаќински и во интерес на граѓаните. Продолжуваме уште позасилено во реализација на мерките што обезедуваат поголем раст на економијата, напредок, развој и интеграција во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе четврта претставка до ЗНМ за повеќе прекршувања на новинарскиот Кодекс од страна Героски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми

СДСМ: 2026 ќе биде економски тешка година за граѓаните, следуваат избори па мигранти

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?