СДСМ: Очекувано е од Груевски, човекот кој ја киднапираше цела држава да зборува за синдроми на киднапирани лица

Од:

Очекувано е дека Никола Груевски, човекот кој ја киднапираше цела држава и во заложништво ја држи иднината на сите нејзини граѓани, да зборува за киднапирање и синдроми на киднапирани лица, велат од СДСМ.

Јасно е дека потпирајќи се на киднапираните државни институции, Груевски гледа спас за себе, за 1,5 милиони евра во кеш за продажбата на Македонска банка и за криминалите на братучедско-кумска влада што ја опустошија Македонија.

Никола Груевски пред младите од неговата партија не проговори ни збор за иселените над 200 илјади млади луѓе во изминатите неколку години, меѓу кои се и млади кои биле поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. За причините и за одговорноста за овој проблем, којашто лежи во неговите себични политики за лични цели. Груевски се обиде да се скрие зад комедијатско – циничен настап што требаше да насмее и таму каде што и неговите знаат дека не е за смеење.

Го упатуваме Груевски, ако сака да спори дали Македонија е диктатура, односно режим, да го стори тоа со меѓународниот фактор, којшто почна земјава да ја рангира меѓу хибриди, а не демократии.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус