СДСМ: Очајниот Мицкоски преку шпионот Ковачки шири лажни вести за да ја зачува фотелјата во Белиот дворец

Од:

„Не престануваат нападите на ВМРО-ДПМНЕ кон претседателот Димитар Ковачевски, затоа што во Белиот дворец се очајни и фрустрирани од неговата чесна и одговорна работа. Јавноста ја гледа разликата помеѓу чесноста на Ковачевски и нечесноста на криминалното ДПМНЕ“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа ВМРО-ДПМНЕ со постојани напади базирани на манипулации и невистини се обидува да го оцрни Ковачевски.

Во ДПМНЕ имаат голем проблем бидејќи народот повторно ги прочита дека освен криминал и фотелји, воопшто не се заинтересирани за граѓаните.

Бидејќи се растураат внатре помеѓу себе заради делење на пари и тендери, како овој последниот од 136 милиони евра.

И за тие грозни манипулации го избраа Драган Ковачки, дезеретот и шпоин.

Ковачки е човек кој додека бил во АРМ кодошел, вадел документи, навредувал колешки и колеги, човек кој бил казнуван и санкциониран за своите постапки.

Тој е дезертер кој ја посрамотил униформата, ја погазил свечената воена заклетва, му ги симнале еполетите и облекол сако за во Белата Палата да го прави она што очигледно најдобро знае да го прави, да кодоши, да плука и по мртви и по живи, и да прави пари кодошејќи ја својата држава, Армија и граѓани! Тоа е дното на ДПМНЕ“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски