СДСМ: Обвинетиот Груевски и соработниците како Спасов за се што направија, брзо ќе одговараат!

Од:

„Никола Груевски и неговите соработници како Диме Спасов во ВМРО-ДПМНЕ се многу опасни по животот и безбедноста на граѓаните и не смеат повеќе да ја водат државата!

Сите овие луѓе од ВМРО-ДПМНЕ не само што со леснотија ја признаа вината на Спасов, туку покажуваат врвна неодговорност за што ќе одговараат!

За Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, тоа што Спасов дивеел по улици, пијан уништувал возила по пат, а можело да бидат и деца, со службен џип надвор од работно време, од институција во која тој не работи – е само “сообраќајна незгода со материјална штета од 150 евра!“.

Поради таквите како Спасов во ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и фамилијата, од негрижа беше оставена да умре малата Тамара.

Поради овие неодговорни политичари и нивното опкружување, до смрт е претепан Мартин Нешковски.

Оваа власт што со крв го почна својот мандат, ќе биде казнета од граѓаните на 11 декември кои ќе изберат живот во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски