СДСМ: Обвинетиот Груевски и послушниците признаа дека потфрлија за поплавите, ќе одговараат!

Од:

„Обвинетиот Никола Груевски и неговите послушници денеска признаа дека на повеќе од 40 дена по поплавите, граѓаните од поплавените региони се уште не можат да си го вратат животот во нормала.

Признаа дека сите семејства се уште го немаат добиено ниту авансот од 500 евра, а за целосно обештетување засега воопшто и не станува збор.

Признаа дека не постои атмосферска канализација.

Поплавите однесоа најмалку 23 човечки животи! Има огромни материјални штети коишто никој до сега не ги надоместува! Голем број граѓани се уште се без дом или без елементарни услови за живот!

Институциите потфрлија. Не реагираа на време.

Обвинетиот Груевски и неговите кадри вчера избегаа од надзорната расправа за поплавите во Собранието, но од одговорност нема да избегаат“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот