СДСМ: Обвинението потврдува, ВМРО-ДПМНЕ е организатор на насилствата од 27 април, Мицкоски не се оградува од насилниците

Од:

„Обвинението потврдува, ВМРО-ДПМНЕ е организатор на насилствата од 27 април, Мицкоски не се оградува од насилниците.

Одлуката на Кривичниот суд да одобри обвинение против Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасов за организирање на насилството од 27 април е потврда дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад упадот во Собранието.

Тоа се личности соработници на Никола Груевски, а денес соработници на Христијан Мицкоски“, соопштуваат од СДСМ.

„Мицкоски не само што не се огради од насилниците, туку тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ, но и неговиот ментор од Будимпешта до ден денес јавно ги поддржуваат.

27 април е вистинското лице на режимот, вистинското лице на насилничката криминална матрица на ВМРО-ДПМНЕ, кое што продолжува и во ликот и делото на Христијан Мицковски.

Со продолжување на политиките на Груевски, Мицкоски покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ се уште е присутна насилничката, режимска матрица и дека освен насилство, освен одбрана на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски можат да се подготват за пораз на 12 април.

Граѓаните нема да дозволат враќање на режимот, враќање на насилството и поделбите и на 12 април ќе порачаат режим никогаш повеќе!

27 април е најцрниот датум во историјата на нашата демократија и одговорност за тој случај мора да има.

Низ отворена, законска судска постапка мора да бидат санкционирани сите кои го организирале, нарачале и спровеле насилството од 27 април“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“