СДСМ: Новинарите со месеци се држат во притвор за напишан збор

Од:

„Додека функциониери на власта осомничени и обвинети за тежок криминал не се ниту во куќен притвор, во Македонија новинарите со месеци се држат во притвор за напишан збор.

Случајот со новинарот Зоран Божиновски кој повеќе од една недела штрајкува со глад а неговото здравје е влошено, потврдува дека Македонија под власта на ВМРО-ДПМНЕ и обвинетиот Никола Груевски, стана земја на затворани и репресирани новинари и на неслободни медиуми, без почитување на основните човекови права.

Власта со години на мафијашки начин се пресметува со сите свои неистомисленици, а новинарите се особено на удар за да бидат замолчени. Извештаите на сите релевантни меѓународни организации, меѓу кои на Репортери без граници и на Фридом хаус, потврдуваат дека Македонија е неслободна земја.

Го повикуваме режимот во заминување на обвинетиот Груевски да престане да ги злоупотребува државните институции и инсталациите од тефтерчето на Јанкулоска во судството за да се пресметува со сите што не мислат како него и што не одработуваат за неговата мафијашка власт.

Исто така, апелираме да се почитуваат сите законски процедури и меѓународни конвенции поврзани со човековите права во врска со Зоран Божиновски, особено што станува збор за новинар“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски