СДСМ: Нови манипулации на Груевски

Од:

„СДСМ доби огромна поддршка од граѓаните ширум Македонија. Граѓаните се на нозе, бараат промени и ги очекуваат промените.

Во страв, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ панично реагира со стари и нерелани анкети за да ја продолжи 10 годишната манипулација со граѓаните, на којашто и доаѓа крајот.

Преку изборни грабежи, купување гласови, закани, уцени, заплашувања, во изминатите изборни циклуси Никола Груевски ја узурпираше власта.

СДСМ заедно со граѓаните создава услови за одржување на фер, слободни и демократски избори што ќе ја гарантираат слободно изразената волја на граѓаните.

Изборните грабежи и изборниот криминал, никогаш повеќе да не се повтори во Република Македонија.

Нормализацијата на институциите и враќање на контролата кај граѓаните ќе гарантира почитување на законот и уставот. Секој којшто ќе се обиде со закани, уцени, притисоци или на било кој друг начин да влијае на загарантираното право на граѓаните за гласање по слободна волја на изборите, ќе сноси одговорност и последици согласно законот.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да го променат јавното мислење и перцепцијата на граѓаните со стари нереални анкети.

Граѓаните знаат какво е нивното мислење, а тоа е збогум на лошата економска, социјална, образовна и лошата здравствена политика, збогум на иселувањето на младите и осиромашувањето на граѓаните.

Македонија знае едно: збогум Никола и збогум за твоето друштво“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел