СДСМ: Ќе ја формираме новата Влада, се обврзуваме да испорачаме уште повеќе

Од:

„Со поддршка на граѓаните и победата на изборите СДСМ продолжува да ја движи земјата напред, по вистинскиот пат кој го започна пред три години.

Новата Влада која СДСМ ќе ја формира, ќе продолжи по патот на напредокот, демократијата, правдата, владеење на правото.

Продолжува грижата за здравјето на граѓаните и борбата со глобалната пандемија“, велат од СДСМ.

„Со нови мерки и политики продолжува концептот парите назад кај граѓаните, раст на платите, раст на пензиите и грижа за сите, како и за најранливите категории на граѓани.

Новата македонска економија креира работни места и создава шанса за секој.

Станавме членка на најмоќниот сојуз на светот НАТО алијансата, наскоро почнуваме со отворање на поглавјата за членство во ЕУ.

Новата Влада предводена од СДСМ не само што продолжува со успешните политики, следниот мандат се обврзува да испорача уште повеќе и уште подобри политики и мерки насочени исклучиво во интерес на државата и граѓаните“, соопштуваат СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага