СДСМ: Новата Влада ќе направи студентски домови, а увид ќе има ама од граѓаните за Груевски!

Од:

„Нови студентски домови и добри услови за живот на студентите ќе обезбеди новата реформска Влада.

Новата власт во Македонија се 700.000 граѓани кои побараа промени и затоа веднаш да се овозможи формирањето и работата на новата реформска Влада којашто ќе работи во интерес на граѓаните!

Никола Груевски имаше 10 години за увиди како студентите живеат во мувла, јадат храна со лебарки, се смрзнуваат поради тоа што немаат струја и затоплување, но тој тогаш мислеше само на себе и на фамилијата.

Додека изнесуваа најмалку 5 милијарди евра во странство, од Македонија поради лошите услови за живот заминаа над 626.312 граѓани, главно млади луѓе.

Доаѓа време кога граѓаните преку институциите ќе направат вистински увид во сите злоупотреби на пари од Буџетот што Никола Груевски ги правел и дозволил да се прават на нивна штета“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта