СДСМ: Новата Влада има полн легитимитет и ќе испорача резултати, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува

Од:

„Новата Влада предводена од СДСМ значи ефикасност во работењето, одговорност и посветеност во решавањето на сериозни предизвици кои се пред граѓаните. Покрај докажани професионални кадри од претходниот состав на Владата, речиси 70 отсто од министрите од редовите на СДСМ се нови, компетентни лица, подготвени да ја преземат одговорноста во соодветните ресори“, соопштува СДСМ.

„Новата Влада има полн легитимитет добиен на изборите од 2020 година и има капацитет да испорача резултати во однос на надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните.

СДСМ постојано покажува капацитет за промени, со цел што подобро да им служи на граѓаните и државата.

Од друга страна, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, во тамошното раководство се уште се присутни стари познати кадри, соработници на Никола Груевски и поддржувачи на режимот.

Додека СДСМ постојано се менува, ВМРО-ДПМНЕ останува истата деструктивна партија која работи на штета на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби