СДСМ: Нова Влада на граѓаните ќе го врати спортот на спортистите!

Од:

Спортот ќе го вратиме на спортистите. Трудот на спортските работници ќе бидат вреднуван и заштитен.

Поради неодговорните политики Никола Груевски и досегашната власт, што се темелеа само на тендер интереси, Македонија е на историски најслаб пласман на ФИФА ранг листата.

На последната Олимпијада,немаше ниту еден спортист кој успеал да оствари олимписка норма, а Македонија беше со најмалку претставници од целиот регион!

Традиционални спортови се замрени затоа што се трошеа огромни суми народни пари за хокеј и слични скапи спортови што граѓаните на Македонија не можат да си ги дозволат, ниту пак, како што се покажа, има услови за нивен развој во земјава. Се покажа и дека тендерите биле пресудни за отворањата спортски сали, од коишто најголем дел денес се заклучени или затоа што во нив нема услови за спортување или за тоа што се изградени во несоодветни населени места коишто поради иселувањата останале празни без жители.

Затоа граѓаните избраа промени и го поддржаа Планот за живот што наша задача и обврска е да го реализираме.

Ние за професионалните спортисти, спортски аматери, спортисти стипендисти ќе обезбедиме пензиско и здравствено осигурување. Секој репрезентативец кој настапил на најмалку 10 официјални натпревари, ќе добие просечна пензија, од 40-годишна возраст.

Ќе формираме спортски финанскиски фонд со посебна жиро сметка на која што ќе се слеваат средства од уплати од 3% од секој тикет за спортско обложување, 100% од средствата за добивање лиценци за обложувалниците, 3% од уплатите во автомат клубовите, 1 денар од акцизата за цигари и 1 денар од акцизата за алкохол. Распределбата на парите ќе ја вршат 7 членови на Националниот спортски совет составен од 5-те најуспешни федерации, плус претседателот на Македонскиот олимписки комитет и директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Ќе овозможиме спортските клубови сами да ја изберат формата на нивна организација, а не како досега, да мора да бидат регистрирани како акционерски друштва.

Дел од новоизградените училишни спортски сали, што стојат неупотребени, ќе се доделат на користење и управување на националните спортски федерации, за да работат со сите младински категории преку целата година, ослободени од комерцијалниот притисок. Така ќе овозможиме сите талентирани деца да тренираат без надоместок.

Секој правен субјект ќе може до 40 проценти од данокот на добивка да го инвестира директно во јавните дејности, пред се во спортот.

Ова се само дел од мерките во Планот за живот со коишто системски ќе го поставиме спортот на високото заслужено место во општетството. Со тоа ќе овозможиме здрав живот на нашите деца и достоинствен живот на спортиските и спортските работници.

Затоа е потребна нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија.
Доаѓа живот! Во 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он