СДСМ: Нова Влада ќе има многу скоро, ќе има и живот за сите

Од:

„Новото парламентарно мнозинство ја презема обврската многу скоро да ги одблокира демократските процеси и да избере нова реформска Влада којашто ќе обезбеди добар живот за сите. Тоа ќе биде направено согласно Деловникот, Уставот и законите, како што доликува на одговорни политичари зад кои застанаа 700.000 граѓани на Македонија.

Очекувањата на мнозинството граѓани во Македонија и на меѓународната јавност ќе бидат остварени, бидејќи тоа е единствениот правилен пат за Македонија.

Формирањето нова Влада е врвен приоритет за државните интереси на Македонија и за граѓаните.

Нова реформска Влада ќе овозможи решенија на многу горливи прашања за граѓаните, што веќе ја загрозуваат нивната егзистенција. Ќе ги исплати субенциите на земјоделците и ќе им обезбеди навремени и поголеми субвенции. Ќе обезбеди повисоки плати за работниците, како и стабилизација на фирмите и економијата.

За учениците, наставниците и родителите изборот на новата Влада ќе донесе укинување на стресното и непотребно екстерно тестирање. За здравствените осигуреници ќе биде овозможено бесплатно болничко лекување. За сите граѓани ќе има правда преку неселктивен и професионален правосуден систем.

Ова се само дел од мерките за коишто граѓаните гласаа и за коишто парламентарното мозинство има преземно обврска да ги реализира. Таа обврска ќе биде исполнета, а мнозинската волја ќе биде испочитувана.

Демократските процеси се незапирливи. Ќе има живот за сите во Македонија“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа