СДСМ: Нова навреда, за ВМРО-ДПМНЕ и Ристовски студетните се виновни за хаосот во домовите

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Спиро Ристовски денеска повторно ги навредија студетните. За хаосот и нечовечките услови во студетските домови им се виновни студентите.

Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се демаскирани во целост и Ристовски не може за неговите пропусти и неговата неспособност да ги обвинува студентите.

Инцидентот со „реновираниот“ лифт по кој студентка заврши со скршена рака се случил многу порано од излегувањето на веста во медиумите.

Или Ристовски со денови намерно молчи за инцидентот или воопшто и не знае кога се случил.

Според информациите од студетните безбедносната врата на лифтот не функционирала долого време, но сепак лифтот бил оставен да работи.

Со тоа била загрозена безбедноста на сите студенти.

Токму заради нефункционалноста на безбедносната врата се случил овој инцидент.

Ова ја потврдува незаинтересираноста и негрижата на ВМРО-ДПМНЕ за условите во коишто живеат студентите во домовите.

Во 21 век, во студентските домови во Македонија се шетаат глувци и стаорци, лебарки се дават во порциите во мензите, нема парно , нема топла…

ВМРО-ДПМНЕ 10 години не прави ништо за да ги подобри условите за живот во студентските домови.

Но промените доаѓаат и тие ќе ги почувствуваат сите граѓани, вклучувајќи ги и студентите.

После победата на следните избори СДСМ ќе ги реконструира сите студентски домови и ќе изгради модерен и европски студентски град каков што заслужуваат студентите во Република Македонија“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници