СДСМ: Нов скандал, Мицкоски со дилер на дрога и оружје од Струга

Од:

Нов ден нов скандал со дрога. Христијан Мицкоски е во друштво со дилер на дрога и оружје од Струга, приведен на 24.11.2023, како дел од организирана криминална група, која се занимавала со недозволена трговија со дрога и оружје, се вели во партиското соопштение од СДСМ.

– ДПМНЕ стана гнездо на подземје и криминал со дрога. Од политичка партија, прерасна во расад на криминални групи и гнездо на конзументи на дрога. Со дрога беше фатен и истакна член на ДПМНЕ, соработник на Мицкоски од Пештани. Мицкоски го гледаме во друштво како седи на иста маса со лице од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога, вредна 120.000 евра. Мицкоски е опкружен со радикали, лица фатени со кокаин, лица што се бават со недозволена трговија со дрога и оружје – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната