СДСМ: Нов луксуз на Груевски, уште 13,3 милиони денари за фасадата на Владата

Од:

Уште 13.3 милиони денари, или 216.000 евра, забеганата власт на Никола Груевски ќе потроши за барокната фасада од гипс и стиропор на зградата на Владата. Со овие нови трошоци, за некакви непредвидени работи за ентериерно уредување и адаптација на Кула 2, Никола Груевски ќе потроши вкупно 17 милиони евра, пари на граѓаните за фасадата на Владата, информираат од СДСМ.

Sklucen dogovor 1

Над 500 илјади граѓани во Македонија живеат на работ на сиромаштијата, велат од партијата и додаваат:

180 илјади граѓани живеат со помалку од 40 денари на ден. Над 10 илјади фирми се затворени. Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај Никола Груевски троши 17 милиони евра народни пари за гипс и стиропор.

Sklucen dogovor 2

Нема поголема потврда за расипничкото трошење пари на граѓаните, или како што ќе рече самиот Ставрески „ние сме лудаци“, „немаме за леб а трошиме за чоколадо“.

Токму ваквите расипнички политики на Груевски и Ставрески ја доведоа државата да мора постојано да се задолжува за да исплаќа плати, пензии, социјални трансфери…

Само со еден поглед граѓаните можат да го видат вистинското лице на премиерот во заминување. Додека граѓаните осиромашуваат Никола Груевски се луксузира, со мерцедеси од 600 илјади евра, очила од 60 илјади долари, барокна ограда од речиси 700 илјади евра…

Sklucen dogovor 3

Токму оградувањето на Никола Груевски од граѓаните го покажаа неговиот најголем страв. Груевски се плаши од сопствените граѓани коишто не сакаат нечесни политичари.

Груевски се плаши од одговорност за криминалот и корупцијата, за сите злоупотреби во изминатите 10 години. Но, бегање од одговорноста нема да има.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За шеф на патарините е назначен човек со бројни злоупотреби зад себе

A1on

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите

СДСМ: РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да менаџираат со енергетскиот систем

СДСМ: Божиновска да поднесе оставка, премногу скандали и лаги и сервираше на јавноста

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Божиновска ги излажа граѓаните за бугарското државјанство и пасош

Катерина Ѓуровски