СДСМ: Нов ден, нов скандал, неквалификувани ревизори и насилници поставени од Мицкоски на функции

Од:

Не запираат скандалозните назначувања на неквалификувани и осудени кадри на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Како што тргнале ќе имаме автентична македонска Монти пајтон Влада која ќе биде биде за потсмев. Најновите кадровски решенија за кои граѓаните се во шок, се новиот директорот на Клиниката за урологија Башким Шабани и главниот ревизор на Ревизијата на претпристапната помош, Афрона Вервизоли, велат од СДСМ.

„Шабани има судска пресуда од 2020 година со која е виновен дека во 2019 претепал колега, удирајќи го по главата и по телото. Насилници и бивши осудени лица се очигледно главни кандидати за функционери и директори.

Второто кадровско решение, Афрона Вервизоли, кое веќе го истражува Делегацијата на ЕУ во Македонија е целосно потценување на позицијата. Со владина одлука, од минатата недела на таа позиција е назначена Афрона Вервизоли која според медиумите нема соодветни квалификации за таа позиција. Според достапните информации, Вервизоли работела на шалтер во банка, а сега ќе треба да биде главен ревизор на претпристапната помош во ЕУ. Ваков напредок во кариерата е можен само во Владата на Мицкоски, а кои се причините должен е да каже тој.

За потсетување, професор по физичкo и доктор по Кинезологија е заменик министер во МВР. Во Министерството за одбрана има економистка со искуство во маркетинг областа. Заменичка министерка во Министерството за спорт на Мицкоски пак ќе му биде дипломирана информатичарка, Сејфие Садик. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја направија Владата и институциите партиско дувло каде се вдомуваат партиски кадри кои не смеат и не треба да бидат на функции“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски