СДСМ: Нов дебакл на Мицкоски, само 20 пратеници ја поддржаа интепрелацијата што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе за Спасовски

Од:

„Христијан Мицкоски доживеа нов дебакл во Собранието, само 20 пратеници ја поддржаа интерепелацијата што по негов налог ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

Се појасно е дека Христијан Мицкоски нема поддржка ниту во сопствената пратеничка група, на она што остана од ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително тоа е уште една потврда дека интерпелацијата за министерот Оливер Спасовски беше неоснована.

Собранието на Репубила Северна Македонија изгуби уште еден ден поради Христијан Мицкоски, наместо сите пратеници да се посветат на реформските закони, на законските решенија кои носат придобивки за граѓаните и државата.

Јасна е разликата, од една страна е СДСМ и мнозинството кои работат на спроведување на реформите, на напредокот, на подобрување на животот на граѓаните а од друга страна се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои немаат идеја, план, ниту визија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната