СДСМ: Ниту 15 часа пропаганда не може да му помогне на Груевски, ќе одговара!

Од:

„Наместо професионално и објективно известување на граѓаните медиумите на Никола Груевски шират лаги и воопшто не информираат за демократските протести во одбрана на правдата, слободата и демократијата ширум Македонија.

Резултатите од мерењата на прилозите во вестите на 4 медиуми под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, потврдуваат дека Никола Груевски се надева дека со пропаганда и манипулации ќе се спаси од одговорност за криминалот.

Во периодот од 1 до 25 април, емитувани се позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Канал 5 во времетраење од 19.638 секунди, на Сител 19.349, Алфа 8.088 и на НОВА ТВ 9.072 секунди.

Тоа се вкупно 15 часа позитивна пропаганда за ВМРО-ДПМНЕ за 25 дена.

Дополнително, емитувани се негативни прилози за СДСМ на Сител во времетраење од 13.310 секунди, на Канал 5 11.726 секунди, на Алфа 6.373, и на НОВА ТВ 4,497 секунди.

Minutaza Vesti

Тоа се вкупно 10 часа негативна пропаганда за СДСМ за 25 дена.

Груевски попусто се надева дека со пропаганда, извртување на вистинста и измислување некакви сценарија коишто се само во неговата глава можат да му помогнат.

Македонија е на нозе, доаѓа слобода, демократија, правда.

Новата страна за иднината е веќе свртена.

По демократската промена на власта, медиумскиот мрак, пропагандата и медиумските хајки ќе бидат минато.

Секој што го прекршил законот ќе одговара“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата