СДСМ: Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата на Мицкоски знае само да работи против интересите на граѓаните

Од:

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е партија во која нема никаква промена, која знае само за блокади, деструкции и лажни вести. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски постојано работат спротивно од интересите на граѓаните и државата, водејќи се единствено од лични дневно партиски интереси велат во соопстение од СДСМ.

-Опозициската партија поттикнуваше кршење на мерките за заштита од коронавирусот, поддржуваше антиваксерски протести, се противеше на мерките за помош на граѓаните и стопанството и се уште ја кочи изградбата на новиот Клинички центар.Тоа е потврда за нивното антидржавно однесување кое одамна е препознаено од граѓаните. Со таквиот однос, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов, седми пораз од граѓаните на следните локални избори, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари