СДСМ: Ништо не е сменето во ДПМНЕ, фатени во нова лага, немаат потписи за Силјановска

Од:

Ништо не е сменето во ДПМНЕ, тоа е партија која функционира со ширење лаги и невистини. Фатени се во нова лага за потписите на Силјановска. Откако не успеа да собере валидни, законски потписи за својата кандидатка, ДПМНЕ ја поднесе кандидатурата во ДИК со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани, се вели во соопштението од СДСМ.

-Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани а зад Гордана Силјановска само 40 пратеници од ДПМНЕ. А, ДПМНЕ, помпезно на прес конференции се фалеа дека за неколку часа биле собрани потписи, дека биле собрани повеќе од потребните. Но, се покажа дека немаат потписи за Силјановска, дека не биле собрани. ДПМНЕ, повторно ги излажа граѓаните. Нема никаква промена во ДПМНЕ. Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски