СДСМ: Никола Груевски се наоѓа во голема каша!

Од:

СДСМ денеска, во писмена реакција до медиумите, го повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски да излезе на слободни, фер и демократски предвремени парламентарни избори.

Тогаш, наведува СДСМ, Груевски ќе се соочи со вистината колку навистина го сакаат граѓаните.

„Никола Груевски се наоѓа во голема каша!

– Секој пат кога се сили пред неговите сопартијци и секогаш кога почнува да го форсира спорот за името во корист на својата дневно политичка реторика, тоа е најдобра потврда дека и самиот знае дека ја губи поддршката на граѓаните.

– Колку и да се обидува да го игнорира, режимскиот премиер не може да избега од фактот дека неговите методи на владеење и тој лично, се одговорни за политичката криза во која се наоѓа земјата.

– На крај му порачуваме, наместо да се сили пред своите, нека излезе на слободни, фер и демократски предвремени парламентарни избори.

– Тогаш, ќе се соочи со вистината колку навистина го сакаат граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавите на Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР