СДСМ: Никола Груевски денеска се сети дека постои Општина Сопиште

Од:

Откако ги остави граѓаните на Сопиште три месеци во летниот период без вода за пиење. Не е изграден системот за водоснабдување од Патишка река за населените места во општината, велат од СДСМ.

Откако ги остави со небезбедни патишта. Регионалниот пат R-302 од Кисела Вода до спојот со регионалниот пат R-104, кај место викано Брзовец е целосно уништен и не е безбеден за сообраќај. Во катастрофална состојба е патот од Држилово до Сопиште. Нема нов пат на релација Сопиште – Усје – булевар Борис Трајковски.

Што чекаше Груевски 10 години?

Во населените места Ракотинци, Добри дол, Горно Соње, Долно Соње, Чифлик воопшто нема фекална канализација.

На територијата на Сопиште нема ниту една градинка. Жителите своите деца мораат да ги носат во соседната општина.

Сеуште нема изградено потпорен ѕид во Ракотинци. Поради свлечиште, голем број куќи во Ракотинце се оштетени, со испукани ѕидови и постои опасност од целосно уништување на домовите на жителите.

Нема граници лицемерието на Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски