СДСМ: Никола Груевски бега од слободни и регуларни избори  

Од:

„Медиумските курири неуспешно се обидуваат стравот на Никола Груевски од слободни, фер и регуларни избори да го покријат со постојани измислици.
 
Избирачкиот список не е прочистен, нема реформи во медиумите, нема одвојување на државата од партијата, не се спроведени реформите од Извештајот на Прибе, укината е техничката Влада, СЈО е под постојани опструкции, само затоа што Никола Груевски се плаши од слобдни избори.
 
Никола Груевски бега од слободни, фер и деморатски избори затоа што се надева дека на тој начин ќе избега од правдата, ќе ја спаси сопствената кожа.
 
Затоа Груевски кукавички се бори само за аболицијата и за одложување на слободните избори што подоцна.
 
Напразно се надева Груевски дека ќе се спаси од одговорноста. Правда ќе се врати во Македонија, одговорност ќе има.
 
Аболициите целосно ќе се поништат. Оние што им е местото во затвор, таму и ќе завршат.
 
Во Македонија нема да има уште едни криминални избори, како што вети Зоран Заев.
 
Сите услови мора да се исполнат: прочистен избирачки список, реформи во медиумите, заканите кон гласачите да престанат, да се врати владеењето на правото.
 
Врз база на принципите од Пржино потребно е формирање Влада којашто ќе создаде услови и ќе спроведе слободни, фер и регуларни избори, што поскоро.
 
Зборот е збор. Во Македонија ќе има само слободни, фер, регуларни и демократски избори.
 
Претседателот на СДСМ, лидерот на демократска Македонија, е во служба на граѓаните и ќе ја преземе одговорноста за иднината на државата а не власта.
 
А кога Зоран Заев ќе биде премиер на слободна Македонија, со поддршка од граѓаните и во нивни интерес, криминалците нема да бидат на власт туку на соодветно место за нив“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело