СДСМ: Никола Гревски, будимпештански пишувач на бајки

Од:

Никола Груевски, некогашниот „голем“ премиер на Македонија, човекот што така „мајсторски“ ја зави земјата во црнило, ја остави во безнадежност и сонуваше за изолација само за себе и за својата клика. Денес, тој „гениј“ сместен удобно во срцето на Европската Унија, токму таму каде што никогаш не сакаше да ја однесе Македонија. Како ли само дише европски воздух без да се задуши од иронија, велат од СДСМ во реакција на вчерашното браќање на Груевски на социјалните мрежи.

– Овој морален мал човек (иако се покажа дека има идеална големина за во гепек, додека бегаше преку граница), во секоја смисла на зборот, сега дели „мудрости“ откако побегна од правдата.

Човекот кој прислушкуваше 20.000 граѓани, апсеше, купуваше „Мерцедес“ од 650.000 евра (народни пари нормално) и очила за сонце од 30.000 евра (за подобро да ја види сопствената корупција).

Човекот кој изнесе 2 милијарди од земјата (а сега вели не бил сигурен дали биле 2 или 7 милијарди, очигледно многу пари за броење), веројатно за да си го финансира сонот во азил.

Тоа е истиот тој Груевски чијшто најблизок круг го сочинуваат: министерка за внатрешни работи што возела украден автомобил, ни помалку ни повеќе од Дејвид Бекам (класика!), министри што закупувале цели катови во луксузни хотели, и се занимаваат со криминал.

„Херој“? Никако. Повеќе личи на Мики Маус, Дизни јунак од цртан филм кој држи лекции на другите.

Да не беше смешно ќе беше трагично. Но еве, смешно е. И тоа како.

Наместо да седи во Идризово и да пишува мемоари со наслов „Како ја ограбив Македонија“ (би бил бестселер), тој од својот будимпештански луксуз произведува „Будимпештански бајки за деца“, измислени приказни од чиста досада.

Своите „машки“ комплекси и кризата на средни години ги лекува со фарбање коса, филери и ботокс како телевизиска ѕвезда од сапунска серија, во криза.

Тоа е Никола – нашиот „beauty influencer“ и трендсетер!

И покрај активното пишување бајки и белетристика, тој стигнува, како некогаш, насекаде – дури и да ја води својата партија од далечина. Активно учествува во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, плукајќи по луѓе со измислени „Дубаи сказни за деца“, против оние што донесоа слобода за Македонија.

И го остави малиот Мицко (сега веќе пораснат, поминаа години) да го продолжува неговиот „славен“ пат. Зошто самиот да го работи валканиот дел од работата кога некој друг може наместо него, и тоа од далечина?

Никола, наш црн Грујо, биди барем еднаш во животот маж и дојди во Скопје. Ќе ти приредиме убав пречек. Ќе има многу луѓе, ротации, протокол, лисици, сè на највисоко ниво, баш како што сакаш.

Смееш ли?

Или, можеби, си се навикнал на унгарски гулаш па не ти одговара македонско тваче гравче, се вели во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски