СДСМ: Никој повеќе не верува на лагите што ги шири ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Скандалозното ширење на лажни вести од страна на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека oпозициската партија работи спротивно на јавниот интерес и спротивно на потребите на граѓаните.

Лажни вести се информациите што ВМРО-ДПМНЕ ги шири за наводно незаконско пренаменување на земјоделско земјиште во градежно земјиште за изградба на МХЕЦ Тополка.

Она што е релевантна и вистинита информација е дека постапката се одвива согласно член 49 од Законот за земјоделско земјиште, по кој владата на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостапнство носи одлука за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште. Вистината е дека целокупната документација за МХЕЦ Тополка била добиена во времето на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, односно барањето за пренамена на земјоделското земјиште во градежно е доставено од поранешниот министер за транспорт и врски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на 22.11.2016 година.

За оваа одлука и Државната комисија за спречување на корупција се изјасни дека не постои законска пречка владата да ја разгледа и усвои информацијата и да донесе одлука за пренамена на земјоделското земјиште во градежно.

Никој повеќе не верува на лагите, клеветите и невистините што ги шири нереформираната ВМРО-ДПМНЕ во обид да ги прикрие штетите што им ги предизвика на граѓаните со своето деценсико криминално и коруптивно владеење!“, се вели во реакцијата на СДСМ, на прес конференцијата на Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан