СДСМ: Никој не е над законите, истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите

Од:

„Градењето на независен, професионален и неселективен правосуден систем ги покажува вистинските резултати.

Правната држава функционира, законите важат за сите подеднакво.

Последните случувања, покажуваат дека никој не е над правдата и дека секој ќе одговара за своите постапки.

Како и досега, СДСМ ги охрабрува и ги повикува сите надлежни институции да продолжат со длабинска, независна истрага за случајот „Рекет“, да постапуваат согласно законите.

Како одговорна партија, целосно ги поддржуваме напорите на истражните органи за целосно расветлување на овој, но и на сите досега отворени случаи“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран.

Одговорност мора да понесат сите инволвирани, без разлика на политичка или каква било друга припадност.

Нема да успеат обидите да се попречи правдата или истрагата да се насочи во друга насока.

Секој кој ги прекршил законите ќе одговара и од тоа нема отстапување“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ