СДСМ: Ниедна нарачана анкета нема да го спаси Никола Груевски од пораз и одговорност за криминалот

Од:

„Се поголемата поддршка за СДСМ и лидерот Зоран Заев предизвикува страв и нервоза кај ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Како што вртоглаво се намалува поддршката од граѓаните за Никола Груевски така му се потребни се поголеми бројки во нарачаните анкети.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ја загубија поддршката од граѓаните.

Корупцијата, криминалот, реалноста, 10 години се крие со помош на медиумскиот мрак. Затоа 20 милиони евра, пари на граѓаните завршиле во провладините медиуми, за три години.

Вистинската порака од граѓаните Никола Груевски ќе ја добие на изборите коишто ќе бидат фер, слободни и демократски.

Ниедна нарачана анкета нема да го спаси Никола Груевски од пораз и одговорност за целокупниот криминал и корупција во изминатите 10 години“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски