СДСМ: Ние немаме намера да се препукуваме

Од:

СДСМ во пишаната реакција на изјавата на премиерот Никола Груевски посочува оти во рамки на нивното „Работното лето“ вчера и денеска се сретнале со преку 20 илјади жители на Прилеп и прилепско, кои како што велат, изразиле незадоволство од актуелната власт.

Од опозициската партија на поставените прашања со свои прашања до премиерот, каде се ветените инвестиции, за невработените над 25 илјади лица, за, како што се почува, криминалот, корупцијата и непотизмот на своите функционери во тутунскиот комбинат и зошто градоначалникот Марјан Ристески седма година не им го решава на прилепчани најгорливиот проблем – снабдувањето со вода за пиење.

„Ние немаме намера да се препукуваме. СДСМ продолжува на средби со граѓани, да ги слуша нивните маки и постојано да нуди решенија за проблемите“, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски