СДСМ: Ние градиме едно општество за сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ дели и сее омраза

Од:

„СДСМ со храброст и визија го иницираше и го спроведува концептот „Едно општество за сите“, концепт кој се темели на толеранција, мултикултарилизам, социјална правда, еднакви можности и одговорности за сите граѓани. СДСМ како репрезент на сите етнички заедници во државата, посветено работи на унбапредување на меѓучовечките и меѓуетничките односи“, соопштува СДСМ.

„Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ останува синоним за поделба на граѓаните по сите основи. 11 години ВМРО-ДПМНЕ како власт поттикнуваше меѓуетнички тензии, ги делеше граѓаните на партиоти и предавници, поттикнуваше раздор и омраза.

Дури и нивниот концепт ,, Македонија за сите луѓе” е лажен и популистички кој нема врска со реалноста.

Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу одговорното работење на СДСМ, меѓу концептот едно општество за сите, кое носи прогрес и иднина за сите граѓани и неодговорниот однос, поделбите и раздорот што ги создава ВМРО-ДПМНЕ, кои водат само надолу во провалија.

Затоа на гласачите на претстојните избори ќе застанат зад најдобите политики на заедништво и соработка на СДСМ и уште еднаш ќе ги поразат поделбите што ги промовира ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“