СДСМ: Незаконското прислушување заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Масовното прислушување на граѓаните беше одлика на ВМРО-ДПМНЕ и тоа време е завршено со нивното заминување во опозиција.

Нема повеќе незаконско прислушување на граѓаните и кршење на нивните права, човековите права и слободи се гарантирани и почитувани, а надлежните институции постапуваат во служба на законите.
Надлежните институции експресно реагираа, се истражува случајот со градоначалникот на Демир Хисар низ соодветна законска постапка. Истрагата ќе ги даде сите одговори, вклучително и прашањето за евентуална одговорност.

Времето на неказнивост, протекционизам и селективна правда заврши со заминување од власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес Македонија е правна држава во која никој не e над законите и тие важат за сите подеднакво. Секој кој постапува незаконски одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, политичка или каква било припадност“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски