СДСМ: Невработеноста дополнително ќе опаѓа

Од:

Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување како еден од најуспешните владини проекти, носи видливи резултати. За реализација на оваа мерка за 2022 година во Буџетот се обезбеднеи 1,73 милијарди денари, односно 28 милиони евра порачуваат од СДСМ.

– Претходно, во 2021 Оперативниот план беше со висока реализација од над 94 отсто и со него се опфатија 11.292 невработени лица. 4.000 лица минатата година се вработиле само со мерките за самовработување и поддршка за креирање нови работни места, додека 3.787 млади лица до 23 години вработени во производство и земјоделство добија младински додаток на платите. Веќе четврта година по ред се спроведува и проектот „Гаранција за млади“ кој опфаќа невработени млади лица на возраст до 29 години. Лани со оваа мерка се опфатија 19.298 млади невработени лица од кои 75% биле жени, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он